Рико Верховен го предизвика Бадр Хари: Ајде да го направиме тоа (ВИДЕО)

Рико Верховен забележа уште една голема одбрана за титулата со победата над Младен Брестовац во Бирмингем. Кралот на кикбоксот не е поразен од 2015 година и е во серија од 10 последователни победи. По оваа победа, Верховен објави дека на 29 септември се враќа за нешто големо во Амстердам – ​​што е поголемо од реваншот со Бадр Хари?

„Секогаш сум среќен – кога победувам и мислам дека оваа борба беше подобра од првата против Брестовац. Се уште има борци кои сакаат да се реваншираат и да продолжат со тренинзите, да станат подобри, и јас го правам истото и се надевам да направам многу повеќе борби. Ништо не сум слушнал за Бадр Хари и се уште чекам. По последната борба рече дека сака да се реваншира, но оттогаш ништо не слушнал. Се надевам дека навистина го сака тоа, бидејќи и луѓето го сакаат истото, а јас сум подготвен да им го дадам тоа што го сакаат. Тоа е битката што сите ја сакаат и Бадр – да го сториме тоа“, рече Верховен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО