Жорж Сент Пјер е подготвен да се бори со Биспинг…во октомври

Го очекувате ли со нестрпление враќањето на Жорж Сент Пјер? За жал, ќе мора да почека уште повеќе. Во новото соопштение на својот Твитер профил, ЖСП се сврте кон претстојниот противник, Мајкл Биспинг, при што изјави дека е подготвен да се бори кон крајот на есента.

„Г-дин Биспинг, ја исчистив графиката, па сум подготвен за тренинг камп летото. Значи, можам да се борам со вас во секое време по октомври. Само одберете датум. Да почнеме“.

Тоа нема да биде добро прифатено од голем дел од навивачите, кои со интерес го чекаат овој така наречен „супер-дуел“, бидејќи првичното враќање на Канаѓанецот беше најавено за јули.

Со толку големо забавување средна категорија дополнително ќе биде блокирана уште неколку месеци. Шампионот Биспинг нема да ја брани титулата околу една година, откако го победи во подарок-реваншот Дан Хендерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО