Живко Дуковски: Задоволен сум, Петар Арсовски ја доби 1.рунда – учество на Европското првенство (ФОТО)

Искусниот и легендарен боксерски тренер Живко Дуковски по бронзениот медал на младиот Петар Арсовски на Купот на Бугарија во Габрово и извонредните борби изрази задоволство од потегот што го направиле пред неколку месеци.

„Јас сум задоволен што моите желби да оди и да види како се тренира таму, но и да успее, се оставруваат, бидејќи кај нас е потешко да се направат посакуваните планови. Она што го сакав го постигна. Првата рунда ја доби, односно да учествува на Европското првенство за деца кон крајот на месецов во Албена, Бугарија, а кое пак ќе биде услов за подобри резултати во иднина, односно на идното Европско првенство, бидејќи има право да настапи и догодина“, констатира Дуковски.

Тој вели дека боксер не се прави така лесно и треба да се види како ќе се реагира на неговите резултати во нашата земја.

„Добро е што дојде во вистински раце и неговите квалитети ги забележаа од Бугарската бокс федерација и го земаат на подоготовки со другите нивни ученици на ЕП. Сигурен сум дека советите на тренерот на Локомотив од Софија, воедно и на репрезентацијата на Бугарија, Борислав Георгиев, ќе бидат од големо значење за Петар и ќе вродат со плод“, вели Дуковски.

Да посетиме дека главни „виновници“ за надгрдаувањето на Арсовски се легендата на бугарскиот бокс, олимпискиот, светскиот и европскиот првак Петар Лесев и нашата легенда Живко Дуковски. Лесев го видел нашиот боксер на меѓународен турнир и посакал да му овзможи подобри услови за тренирање и боксерка надгрдаба под негов надзор. Лесев сега работи во БК ЦСК во Софија, а има ангажмани и во Боксерската федерација на Бугарија.

Арсовски во Македонија настапува за Аперкат од Скопје, а во Бугарија е член на Локомотив од Софија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО