Живата легенда на УФЦ повторно влегува во кафезот

Едно од најголемите имиња во историјата на ММА кај жените повторно ќе влезе во кафезот.

Поранешната шампионка на УФЦ во петел категорија Миша Тејт (18-7) го најави своето враќање против Мерион Рене (9-7-1), а мечот ќе се одржи на 17 јули. Иронично, ова ќе биде последна средба за 43-годишната Рене во нејзината професионална кариера, бидејќи неодамна објави дека има намера да се повлече по последниот судир во УФЦ.

Организацијата сè уште не го објави официјално настанот, но Тејт рече дека веќе сè е решено.

„Моето срце е полно со страст, огнот повторно се запали! Спортот веќе долго време ми се јавуваше и сега е време да одговорам на тоа!“, рече таа.

Миша Тејт (34) поднесе се повлече од ММА во 2016 година, но остана вклучена во мешани боречки вештини како амбасадор и извршен директор на ОНЕ шампионатот. Покрај УФЦ, Американката е шампион во Страјкфорс, а нејзината пресметка со Ронда Русеи во 2012 и 2013 година според многумина е една од најголемите во историјата на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО