Жилеј Жанг откри дека неговиот тим преговара со Усик: Сакам да бидам светски шампион!

Кнескиот тешкаш Жилеј Жанг пред десет дена со прекин во шестата рунда го победи Џо Џојс и го освои појасот за привремен шампион на ВБО.

Тоа беше прв меч на Жанг по минатогодишниот пораз (и единствен во кариерата) од Хрватот Филип Хрговиќ.

По триумфот Кинезот веднаш ја покажа желбата да се бори за титулата светски првак.

Во последното интервју изјави дека сега ги бара само најголемите натпревари, а приоритет му е борбата против Александар Усик.

„Имам желба да се борам против Усик, тоа е мојот план. Нашите тимови веќе преговараат за можен датум и место на борбата. Сакам да бидам светски шампион“, рече Жилеј Жанг и додаде:

„Сега сум чекор поблиску до мојата цел. Тренирам најдобро во мојата кариера и сакам уште повеќе да се наострам за да го победам Усик. Сакам да станам првиот шампион во тешка категорија во кинеската историја“.

Жанг повтори дека сега сака само натпревари со најдобрите боксери.

„Сакам да ги предизвикувам најсилните. Ако сакате да бидете најдобри, треба да ги победите најдобрите. Луѓето мислат дека не сум доволно силен, сега ги убедив. Сакам да се борам само со најдобрите“, подвлече Жилеј Жанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО