Жилберт Барнс сака реванш против Хамзат Чимаев во пет рунди, Борз му одговори

Минатиот викенд Хамзат Чимаев со едногласна одлука на судиите го совлада Жилберт Барнс во голема борба полна со акција.

Со овој триумф шведско-чеченскиот борец скокна на третото место во полусредна категорија, додека Барнс сега е четврти.

Бразилецот и покрај поразот сепак сака нова можност да се бори за појасот, но сега ќе има малку потежок пат.

А прва желба му е да добие реванш против Чимаев.

„Ништо не сме завршиле, се уште не е готово меѓу мене и Хамзат. Тој скокна на листата на предизвикувачи и УФЦ сака меч меѓу Чимаев и Ковингтон. Но, јас не се плашам од никого и тоа постојано го докажувам“, изјави Жилберт Барнс и додаде:

„Од Хамзат сакам само едно, а тоа е хуманоста. Бев вицешампион и се согласив да се борам со 11-от борец на ВТА. Сакам реванш против Чимаев. Ако го победи Колби, ќе се бори со Камару, а јас сакам реванш во следните три борби. Нашата следна борба треба да биде во пет рунди“.

Борз веднаш му одговори на Барнс.

„Јас би ти ја земал душата во пет рунди. Се гледаме наскоро“, напиша Хамзат Чимаев на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON