Во конасловната борба на настанот УФЦ 287 во Мајами се соочија Жилберт Барнс и Хорхе Масвидал.
Бразилецот со едногласна одлука на судиите го совлада Гејмбред, а по триумфот го повика победникот од мечот за титулата меѓу Едвардс и Ковингтон.
„Јас сум можеби единствениот борец во УФЦ кој е подготвен да се бори со секого или во секое време“, рече Жилберт Барнс и на промоцијата и предложи дека сака да биде заменик борец во следната борба за титулата, а со тоа и следниот предизвикувач:
„Мислам дека Едвардс ќе го брани шампионскиот појас против Ковингтон во Лондон, а јас сакам да бидам борец за замена. Секогаш кога УФЦ ќе ме повикаше и ќе речеше дека има противник, ја прифаќав понудата. Сега сакам меч за титулата или да го раскинам договорот. Некои борци бараат милиони од други организации. Сакам да бидам борец за замена во мечот за појасот, а потоа можност да ја нападнам титулата.
Претседателот на УФЦ го прифати предлогот на Барнс.
„Тоа ми се допаѓа, зошто да не? Се согласувам“, изјави Дана Вајт.