Жилберт Барнс по поразот од Усман: Ќе се вратам!

Жилберт Барнс се обрати до своите навивачи по поразот од шампионот во полусредна категорија Камару Усман.

Барнс го предизвика Усман за титулата на главниот настан на УФЦ 258. И покрај силниот почеток, тој беше запрен од шампионот во третата рунда.

Денес, борецот излезе со став на социјалните мрежи, од кои се чини дека не е психички скршен.

„Падни седум пати, застани осум пати. Сега сум добро и расположен. Ви благодарам за лекцијата и за одличните луѓе што ги имам околу мене во оваа авантура. Подготвен сум да расчистам и да се организирам. 2-3 недели ќе обрнам внимание на моето убаво семејство. И ќе се вратам! Научив многу и продолжувам да учам“.

Барнс на прес-конференцијата по битката откри што довело до поразот.

„Само што видов дека успеав да го повредам во првата рунда, заборавив на стратегијата и побрзав да го завршам.

Мислам дека ја направив истата грешка во борбата со Ден Хукер. Да бидам шампион, не можам повеќе да си дозволам да правам такви грешки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО