Жестоко! Белатор против ПФЛ во Саудиска Арабија во февруари

Во ноември ПФЛ беше на насловните страници намедиумите кога објави дека го купи Белатор ММА. Целта на Профешнл фајтерс лигата со оваа аквизиција беше да стане еден од лидерите во светот на ММА заедно со УФЦ. Веднаш штом ја објавија аквизицијата, промоторот ги објави нивните намери за борбената карта „Шампиони против шампиони“.

Масовен настан на ППГ кој ќе ги спротивстави најдобрите од Белатор против најдобрите од ПФЛ. Денеска стана познато дека борбената карта е финализирана. Ариел Хелвани ја објави веста на X дека на 24 февруари во Ријад, Саудиска Арабија, двете промоции ќе се судрат, спротивставувајќи ги нивните шампиони.

Рајан Бадер – Ренан Фереира
Џони Елбен – Импа Касанганаи
Патрисцио Питбул – Хезус Пинедо
Џејсон Џексон – Магомед Магомедкеримов
Бруно Капелоца – Вадим Немков
Тијаго Сантос – Јоел Ромеро
Клеј Колард – Еј Џеј МекКи
Габриел Брага – Арон Пико

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО