Жерард Мусаси потпиша за Белатор!
Топ борецот на УФЦ, Жерард Мусаси, поптпиша за конкурентската ММА организација Белатор.
Веста ја потврди Мусаси.
„Потпиша договор за шест борби со Белатор и сакам таму да станам шампион. Ако го постигнам тоа, ќе се искачат на врвот категорија и ќе ја освојам и титулата во полутешка категорија. Но, едно по едно – прво титулата во средна категорија, тоа е мојата цел“.
Мусаси беше запрашан зошто одлучил да ја напушти УФЦ, наместо да го продолжи договорот со нив.
„Имавме средба со Дана Вајт и адвокатите на УФЦ. Бевме блиску до склучување на договор, преговарав до крај. Но, на крајот подобриот избор беше да преминам во Белатор.
За време на преговорите ја кренаа цената, а мислам дека можеа уште повеќе да ја кренат, но во еден момент одлучија да не се натпреваруваат и толку, зашто имаа чувство дека и онака ќе одам во Белатор“.
https://twitter.com/SandhuMMA/status/884391737057320961
https://twitter.com/mousasi_mma/status/884473626283487232
.




