Жени поведоа судски спор против Мек Грегор тежок неколку милиони

Две жени поднеле тужба против Конор Мек Грегор за неколку милиони евра.

Постојат две тужби против ММА ѕвездата, а тие се поврзани со настани од 2018 година.

Од штурите информации што ги има, јасно е дека една жена е стара познаничка на Мек Грегор.

Во моментов, нема други информации освен дека се поднесени документи во судот во Даблин.

Двете страни одбија да коментираат.

Претставник на жените е Колеман легал партнерс, специјализиран за случаи на физичка повреда и медицинска небрежност.

Двете жени поднеле две одделни тужби. Секој случај ќе вклучува неколку сведоци кои ќе сведочат.

Вкупното богатство на Мек Грегор се проценува на 148 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON