Ортега е аутсајдер на средбата со Волкановски

Брајан Ортега заработи борба за титулата откако во октомври го победи Чан Сунг Јунг. Како резултат на тоа, „Т-Сити“ заработи меч со шампионот Александар Волкановски на УФЦ 260 на 27 март.

А тој во битката ќе влезе како аутсајдер.

Барем така посочуваат обложувалниците. За нивниот судир во 5 рунди сè уште ги не се познати локацијата и градот, но најверојатно ќе се одржи во Лас Вегас или Абу Даби.

Пред неговата победа над „Корејското зомби“, Ортега го претрпе првиот пораз во професионалната кариера против Макс Холовеј на УФЦ 231. Но, во следната борба тој се појави со подобрени вештини и заработи дуел со шампионот.

Волкановски, кој е среќен што има нов противник, ја освои титулата во лесна категорија од Холовеј на УФЦ 245 во 2019 година, а потоа ја одбрани повторно против него на УФЦ 251.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО