Жена од 260 килограми се самонокаутира во ММА борба (ВИДЕО)

Во спортот се видени најразлични ситуации, но тоа што се случи на еден ММА дуел е неверојатно. За време на борбата меѓу Луција Дробенка Котларова и Реџина Лабајова, се случи вистински раритетен момент.

Котларова тргна кон противничката во обид да ја нападне, но наместо тоа, крупната фајтерка се сопна и падна директно со лицето во кафезот и сама себе се нокаутираше.

Борбата веднаш беше прекината затоа што Котларова не можеше да стане, па Лабајова беше прогласена за победничка.

Ред фејс е лигата што му се додворуваше на „Иранскиот Хулк“ Саџад Гариби. Тие наводно го договориле неговото деби во ММА, но Гариби се откажа откако ги зеде парите што му го испратија за камп.

Во последните недели лигата не престануваше да ја промовира Котларова која е хит на социјалните мрежи. Интересно е што борбата очигледно продолжила по овој кикс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RED FACE (@redface.cz)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON