Жена му го скрши носот на маж во аматерско ММА! (ВИДЕО)

mma zena-crop

Во Бразил, на 28 март се одржа аматерски егзебициски меч на кој во кафезот се најдоа клупски играчи. Станува збор за борба меѓу маж и жена, која се случи во организација на Еволушн СФ.

Лариса Шредер останала без противник на овој настан, тогаш промоторот на настанот, Кристијано Бенедето, предложил таа да се бори со нејзиниот клупски колега Фернандо Лемос.

„Ја прашав дали сака да се бори против Фернандо Лемос кој е нејзин спаринг партнер, за да почувствува како е да се бори во кафез. Тие двајцата често спарингуваат и го прават тоа речиси секој ден во салата. Кога го удри Фернандо, веднаш почна да му тече крв од носот, борбата беше прекината. Судијата ми е пријател и му реков веднаш да ја запре борбата ако еден од нив е повреден. Беше предвидено борбата да трае една рунда. Околу сето ова луѓето во Бразил направија голема врева, бидејќи јас преку Фејсбук се пошегував дека тој беше нокаутиран и дека подготвена за УФЦ“,- рече Бенедето.

Борбата траеше само 53 секунди, а Шредер славеше со технички нокаут.

https://youtu.be/KRr_LFo5IVA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО