ЖБК Работнички прослави 40-години постоење (ФОТО)

 

Железничкиот боречки клуб Работнички од Скопје вечерва во скопскиот хотел Александар палас одбележа 40 години постоење.

 

За историјата на клубот зборуваа првиот претседаттел Јован – Јовица Ѓоргевиќ, како и сегашниот прв човек на Работнички Петар Спасовски. На заслужните поединци и беа доделени плакети и признанија.

На прославата присуствуваа и претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и неговиот заменик Дејан Богаднов, директорот на репрезентацијата Страшо Глигоров, како и истакнати имиња од македонското борење.

Боречкиот клуб Работнички е формиран 1977 година со 28 борачи, а прв тренер е легендарниот Менатаз Алајбегу, а потоа го наследува Боро Лазаревски. Во сезоната 1979/1980 Работнички е шампион на Републичко-покраинската лига на СФРЈ во конкуренција на 10 екипи.

Значајни боречки имиња на Работнички се: Јусуф Амети, Бошко Насев, Васил Малзарков, Слободан Ценев, Живко Темелковски, Боро Лазаревски, браќата Веловиќ, Исмаили Емруш, Шабан Хадровиќ, Сахар садики и други.

Во периодот од 1980 до 1982 година клубот се натпреварува во Првата сојузна лига, а по реорганизацијата во Втората лига. Во 1982 година кклубот организира голем меѓународен турнир, при што борачот на Работнички Јусуф Амети е прогалсен за најдобар борач. Во периодот 1986-1990 година на клубот му пристапува олимпиецот Ристо Дарлев, кој подцн аработи икако тренер.

Во последните 10-тина години, поради поделбата на Македонски железници, клубот тешеко се одржува. Во последно време се прават напори клубот да застане на здрави нозе и да се врати на стариот колосек.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON