Жармел Чарло е сè уште шампион во средна категорија на ВБЦ, откако синоќа Американецот го совлада Хуан Монтиел на мечот што се одржа во Хјустон, САД
Постариот од близнаците, Чарло ја однесе победата над непознатиот Мексиканец откако се избори цели 12 рунди, а на крајот судиите досудија триумф со едногласна одлука.
Шампионот целосно ја заслужи победата, бидејќи навивачите и експертите се обединија дека средбата изненадувачки траеше 36 минути. Шарло ги контролираше дистанцата и темпото, а на моменти дури и се чинеше незаинтересирано за неговиот противник.
31-годишниот Жармел многу вешто го искористи двојниот лев директ и направи многу проблеми во одбраната на Монтиел.
Најсилната рунда за предизвикувачот беше деветата, кога успеа да му ја побвреди аркадата на Шарло, па дури и да го притисне со уште неколку моќни удари, но во следната рунда работите се вратија во нормала.
Шампионот зададе многу силни крошеа и во главата и во телото на Монтиел, но Мексиканецот одолеа и го издржа мечот до последната секунда. На крајот, судиите досудија 120-108, 119-109 и 118-109.
Ова беше петта последователна успешна одбрана на Шарло, кој е еден од главните претенденти за меч со Канело Алварез.