Непоразениот боксер во тешка категорија, Жарел Милер, за малку ќе се истепале со поранешниот ВБЦ шампион Бирмејн Стиверн.
Инцидентот се случи во „Тешка категорија фабрика салата“ во Холивуд, Флорида. Приказната, наводно, почнува со вербална расправија на Милер и колегата на Стиверн за тоа кој со кого избегнал борба. А потоа на „Големото бебе“ го предизвикал Стиверн велејќи му дека бил светски шампион „како еден ден“.
Стиверн подивел и тргнал на Милер. Бригс прв прискокнал да ги раздели, но требало уште неколку луѓе за да ги раздвојат. Потоа го замолиле Милер да ја напушти салата додека не се смири ситуацијата.
Шенон Бригс следната борба ќе ја има на андеркард борбата со Дејвид Хеј на 21 мај, а потоа би требало да се бори со „Hayemaker“. Милер ќе се боксира на мај 27 против Ник Гуивас (02.03.12, 9 КО), додека Стиверн, кој е единствениот што одбарботил 12 рунди со Вајлдер, не се борел од ноември минатата година кога го победи Дерик Роси.