Емил, Берат, Енес, Ненад ќе ги баранат боите на Македонија на ЕП во Франција

Emil, Berat, Nenad, itn

Може да се каже дека македонската карате репрезентација за Европското сениорско првенство во Монпелје, Франција, е дефинирана по турнирот од Карате 1 Премиер лигата во Слазбург-Австрија, кој беше од Карате федерацијата на Македонија прогласен за критериумски.

Емил Павлов (-60 кг) беше најсигурниот кандидат.

Ненад Келебиќ (-67 кг) поради грешката на Балканското првенство во Истанбул и сребрениот медал на Адил Мехмед, мораше да се докажува и денска имаше добар настап.

Енес Смаилагиќ (-75 кг) иако ја освои балканската титула имаше силна конкуренција за место во репрезентацијата, пред се во Иво Цветковски, Тодор Ристески, Азиз Исмаил, Петар Збаорски, трите победи и борбата во репасажот му обебзедија предност пред Цветковски.

Берат Јакупи (-84 кг) и во Итснабул ја најави решеноста да се врати во репрезентацијата, но повредата го спречи да постигне успех. Деншениот настап смао потврди дека има амбиции на ЕП.

Мартин Несторовски и Жарко Арсовски во категоријата над 84 килограми ќе одлучуваат кој ќе патува за Монпелје, иако предноста е на страна на Несторовски.

Makpetrol zeno so trenerite

Во женскиот дел на репрезентацијата се почисти работите. Сара Редичевска, Моника и Наташа Стефановски и Симона Заборкса ќе бидат во поединечните категории, но и во екипниот состав во борби.

Kata tim poziranje

Во кати женскиот тим на Ронин – Маријана и Мишела Димоски и Пуликсенија Јовановска е сандарден, а Јовановска ќе настапи и во поединечна конкуренција. Ферри Исиќ е кандидат во машка конкуренција.

Сепак, конечниот список го утврдува Управниот одбор  на КФМ.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО