Берат Јакупи одличен-ќе се бори за бронзениот медал, Енес Смаилагиќ во добра форма во Слазбург (ФОТО)

Берат Јакупи во борба со Угур Акташ

Берат Јакупи утре ќе се бори за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург. Утре Емил Павлов се бори за златниот, а женскиот ката тим и Наташа Стефановска за бронзени медали.

Јакупи (Асиарт) со четири победи стигна до полуфиналето и тоа против: Балаш Гимеши (Унгарија) 9-1, Јус Маркач (Словенија) 1-0, Јевхен Мотовјлин (Украина) 5-0 и Ѓузепе Тесоро (Италија) 0-0-помина со судиско изјаснување.

Во полуфиналето налета на Јапонецот Рутаро Арага и загуби со 5-0. Во репасажот за бронзнеиот медал ќе се бори со Хрватот Иван Квесиќ.

Enes polufinale

Категоријата која го одлучува македонскиот патник на Европското првенство за сениори во Монеплје-Франција, до 75 килограми имаше шест претсавници на турнирот од Карате 1 Премиер лигата во Салзбург-Австрија. Најдалеку стигна балканскиот шампион Енес Смаилагиќ од Цветан Димов.

Смаилагиќ извојува три победи по ред против: Суад Табаковиќ (БиХ) 3-0, Емануел Окимела (Белгија) 2-0 и Рем Марич (Словенија) 1-1 со судиско изјаснување, а во борбата за влез во полуфиналето 2-1 е поразен од Јапонецот Даисуке Ватанабе. Во репасажот, борбата која му обезбедуваше можност да се бори за бронзениот медал Хрватот Иван Мартинац беше подобар и славеше со 3-1.

Петар Заборски (-75 кг) од Макпетрол ги совлада Сам Пломпен (Белгија) и Блодин Пакаштица (Косово) со 3-0 и 2-0, а во третиот настап беше поразен со 8-0 од Турчинот Ахмет Сабир Ујгур.

Азиз Исмаил од Металург имаше скор 1-1, го победи Адам Палонен(Шведска) 3-0, а загуби 4-1 од Раби Јендуби (Италија).

Иво Цветковски – Металург ги победи со 1-0 и 2-0 Габор Харспатаки (Унгарија) и Ацо Израел (Перу), додека Јапонецот Кен Јушимура го совлада со 1-0. Потоа имаше можност преку репасажот да дојде до можност да се вмеша во борбата за бронзениот медал, но при резултат 0-0 судиите во изјаснувањето му дадоа предност на Ваи Ка Ли од Хонг Конг.

Тодор Ристески – Спорт 94 исто така беше со скор 1-1, однонсо го совлада Рене Смаал (Холандија) 1-0, а беше поразен со 3-0 од Андера Минарди (Италија). И Мартин Ристовски (Вардар) е со истиот биланс: 3-2 против Реза Мохамед Никхабаш (Канада) и пораз од 6-0 од Микеле Хасани (Италија).

Во категоријата до 84 килограми Петар Спасеновски – Металург го победи Раеф Алтуркистани (Саудиска Арабија) со 3-0, а загуби 3-2 од Иван Квесиќ (Хрватска).

Рутаро Арага (Јапонија) – Сашко Патраклиев (Македонка) 3-0, а во репасажот нашиот каратист беше поразен од Брајан Тиемрманс (Холандија) 0-0. Огнен Груевски – Металург со 1-0 го победи Габриеле Инатони од Сан Марино, но е поразен од Антон Исакау (Белорусија) 3-0.  Орхан Билали – Макпетрол е со скор 1-1, победа против Матео Чавар (БиХ) 0-0 и пораз од Флоирајн Вебер (Швајцарија) 3-1. Виктор Крстевски-Металург со 3-0 е поразен од Матија Матијевиќ (Словенија).

Сара Радичевска (-50 кг, Макпетрол) во клучната борба во репасажот за да обезбеди средба за бронзениот медал со Јелена Миливојевиќ од Србија е поразена со 4-0.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО