Шампионката во сламка категорија, Вајли Жанг, ќе се бори со поранешната шампионка Роуз Намахунас на 24 април на УФЦ 261. Борбата на Петрунд дефинитивно ќе биде војна. Но, по војната доаѓа мир … можеби? Или можеби дури и пријателство?
Жанг го истакна позитивниот став кон Намахунас.
„По размената на удари може да има пријателство. Па се надевам дека ќе станеме пријателки по борбата. Роуз е скромна и многу добра спортистка. Таа два пати ја победи Јоана Јеџејчик и победи против Џесика Андраде. Таа е конкурент со многу вештини и секогаш сум подготвена со радост да се соочам со неа.
Чувствувам врска помеѓу луѓето кои се натпреваруваат во боречките спортови. Градиме пријателства преку нив. Учиме едни од други и разменуваме гледишта кога се бориме“.
Жанг откри дека добро ја следи Намахунас и верува дека тоа ќе и помогне да ги открие нејзините слабости.
„Ја следев Роуз уште од нејзините први борби. Таа е многу брза со рацете. Нејзините удари се многу точни. Дефинитивно минувам низ специфичен тренинг за тоа. Се надевам дека сите ќе ја гледаат нашата борба, за да видат како јас ќе и пристапам”.