Жанг тренира со Сехудо за реваншот со Намахунас (ВИДЕО)

Хенри Сехудо, поранешниот шампион на УФЦ во мува и петел категорија, е дел од подготовките на Вејли Жанг за реваншот за титулата во сламка категорија против Роуз Намахунас. Олимпискиот шампион во борење и помага на кинеската воинка во обидот да се врати на „престолот“ во најпознатиот ММА синџир во светот.

Судирот меѓу нив ќе го прдводи УФЦ 268 на 6 ноември во најпознатата сала во светот – „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, САД.

„Благодарам, шампион. Благодарение на мојот пријател Хенри Сехудо“, напиша Жанг на Инстаграм, додавајќи видео од тренингот.

Вајли Жанг има биланс од 21 победа и само 2 порази во ММА. Таа е првиот кинески борец што освои титула во најпознатиот ММА синџир во светот.

Жанг победи на 17 мечеви со прекин (10 со нокаут и 7 со принуда). Таа беше во единствена серија од 21 последователна победа пред да биде симната од тронот во сламка категорија на УФЦ 261. Потоа, изненадувачки, Жанг загуби со нокаут од Роуз Намахунас по нешто повеќе од една минута од средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО