Жанг се надева дека ќе обезбеди голем меч со победа против Џојс: Фјури е нашата следна цел

Во април тешкашот Жилеј Жанг го победи Британецот Џо Џојс со прекин во шестaтa runda и го освои привремениот шампионски појас на ВБО.

Жанг и Џојс повторно ќе се сретнат во рингот на 23 септември на голем боксерски настан во Вембли арената во Лондон.

Ако Кинезот победи во реваншот, тој ќе ја продолжи потерата против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, кој ќе се бори со Френсис Нгану за нешто повеќе од еден месец.

„Џипси Кинг“ беше мета на Жанг и по првиот меч против Џо, но Британецот ја активираше клаузулата за реванш и таа можност пропадна.

„Тоа малку ме разочара бидејќи бев многу блиску до договор за меч против Тајсон Фјури. И тогаш Џо ја активираше клаузулата за реванш“, рече Жилеј Жанг и продолжи:

„Но, тоа го имавме во договорот. Морав да потпишам клаузула за реванш за да ја добијам првата борба. Така што ќе направам се што е правилно. Сега доаѓа реваншот“.

Еден од менаџерите на Жанг, Тери Лејн, верува дека Жилеј уште еднаш ќе се докаже како еден од елитните борци во тешка категорија.

„Со победа Жанг ќе влезе во избраното друштво на врвот во тешка категорија“, истакна Тери Лејн, а потоа додаде:

„Ако победи, тогаш ги имате Фјури, Усик и Жанг на врвот во категоријата. Сите останати ќе бидат далеку под нив. Тогаш Фјури е нашата следна цел. Ќе мора да седнеме и да видиме кои борби ќе се организираат или можеби уште поважно, кои борби не се организираат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON