Фјури ќе треба наскоро да организира одбрана на титулата, бидејќи ВБЦ би можел да му го одземе појасот до крајот на годината

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, му даде специјална дозвола на Тајсон Фјури да се бори со Френсис Нгану, бидејќи во моментов нема задолжителен предизвикувач.

Но, Сулејман, по борбата меѓу Фјури и Нгану, која ќе се одржи на 28 октомври и во која нема да биде во прашање шампионскиот појас во тешка категорија на ВБЦ, очекува Џипси Кинг во следниот меч да ја брани титулата.

Доколку Британецот не покаже намера да го одбрани појасот, тогаш ВБЦ може да му ја одземе титулата, а тоа веќе може да се случи во ноември или декември, пишува Worldboxingnews.

Ова би отворило можност за Дiонтеј Вајлдер и Ентони Џошуа да се борат меѓу себе за слободниот појас. А доколку дотогаш Вајлдер не договори меч против Џошуа, тогаш ВБЦ ќе го бара следниот достапен противник.

Арсланбек Махмудов, Френк Санчез, Енди Руиз, Џаред Андерсон, Ефе Ајагба, Дилиен Вајт, Мартин Баколе, Џозеф Паркер, Филип Хрговиќ го следат Еј Џеј по редоследот на тешка категорија на ВБЦ.

Првиот човек на ВБЦ реагираше на последните зборови на Фјури кога изјави дека не го интересира меч против Усик и како може да заработи повеќе на натпреварите со ММА ѕвездите.

„Не сум заинтересиран да се борам со Усик. Тој е мал украински бездомник. Тоа е сè што е тој за мене. Не ме интересира борбата за обединување на појасите. Тоа не ми значи ништо. Само барам можност да заработам добри пари – изјави неодамна Тајсон Фјури и продолжи:

„Усик е само странец кој не зборува добро англиски, па не можете да го продадете. Барам Американец и веројатно би можел да договорам уште еден боксерски меч против Џон Џонс“.

Кралот на Ромите изјави дека би можел да има реванш со Нгану, но во борба според правилата на ММА.

„Би се борел со Френсис Нгану во кафезот. И таму би му го клоцнал задникот. Хејтерите можеби ме мразат, но нема да се чувствувам лошо што ќе го уплатам мојот чек. Ќе јадам сладолед и колачиња од бел слез и ќе пијам пина колада цел ден.

Сулејман и ВБЦ сега ќе бидат под притисок, бидејќи Фјури нема намера да ја брани титулата во следните неколку месеци.

Неговата последна одбрана на титулата во ВБЦ беше минатиот декември против Дерек Чисора. Доколку до дванаесеттиот месец не договори меч во кој ќе ја брани титулата, тогаш ВБЦ ќе биде принуден да реагира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО