Жакар Соуза и неговите двјаца тренери се позитивни на Ковид-19

Утрово не дочека вистински шок од Џексонвил, каде што ноќта сабота спрема недела треба да се одржи боречкиот настан УФЦ 249. Еден од учесниците, Роналдо „Жакар“ Соуза, е позитивен на КОВИД-19, како и неговите двајца тренери. УФЦ и комисијата реагираа експедитивно и неговата борба против Уријах Хол е откажана, додека над сите тројца беа направени сите потребни меркли за заштита.

Бразилскиот ветеран можеби ја доведе во прашање целата програма на УФЦ 249, а истото може да се каже и за преостанатите два настани планирани во Џексонвил. Имено, по пристигнувањето во Џексонвил, тој ги известил властите дека има едно заболено лице во семејството, но самиот бил асимптоматичен. Сите планирани тестови веднаш беа извршени врз него и неговите двајца тренери, а додека се чекаа резултатите, тој ги одработи мерењето и соочувањето (оддалечен два метра) со неговиот противник. За време на нивниот престој во хотелот, сите од горенаведените носеа заштитна маска и раквици.

Денес пристигна тестот според кој Соуза е позитивен, како и споменатите двајца тренери. Тие веднаш се ставени во изолација и организаторот ќе продолжи да ги следи правилата пропишани од здравствените служби. Борбата против Хол, секако, веднаш  беше откажана. Важно е да се нагласи дека освен горенаведените тројца, никој друг не бил позитивен и УФЦ има намера да го продолжи настанот како што е планирано, освен што на програмата веќе не се 12 борби, туку 11.

Комисијата во Флорида и УФЦ се задоволни од сработеното, но се уште се чека реакцијата на државата Флорида или можеби дури и на некое друго тело. Но, како што сега стојат работите, настанот не е во опасност. Остануваат нешто повеќе од 15 часа до планираниот почеток на првата борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО