Жаирзињо Розенструик: Ќе го победам Нгану, затоа што сум подобар

Непоразениот Жаирзињо Розенструик со неверојатна на брзина во првата година во УФЦ стигна близу до борбата за титулата. „Биги бој“ забележа 4 победи со директен нокаут и го зголеми скорот 10-0 во ММА. Тој ќе се бори против поранешниот предизвикувач Френсис Нгану во главната борба во УФЦ на 8 ЕСПН во март во Охајо и верува дека ќе победи.

Жарзињо смета дека е подобар во стој од противникот и не стравува од негвоата сила. Розенструик работи напорно во салата и рече дека во март ќе го сруши противникот во кафезот.

„Минатата година беше неверојатна за нас и ние сме многу среќни. Работам напорно и верувам во тоа што го работам. Сè е можно и денес или утре можеме да го постигнам. Го правам тоа многу долго време и сум фокусиран на целта. Во мојата татковина многу добро ме прифатија и сум среќен поради тоа што го претставувам Суринам.

Научив многу од мојата последна битка и немам стрпление да ја дочекаме следната борба. Мислам дека Нгану не е најдобриот напаѓач кој ќе го сретнам во УФЦ. Мислам дека тој е мојот најголем предизвик. Ова е битка што ќе биде возбудлива. Ќе биде важно тоа кој ќе може да погоди прв и кој може да прима удари.

Ќе видам дали Нгану може да издржи удари. И пртеходно се борев со многу силни и застрашувачки борци, но ги нокаутирав. И овој пат нема да биде поинаку. Ние работиме здраво и ќе си ја завршам работата. Знам дека на 28 март ќе го срушам покривот на арената. Ќе видите многу добра борба.

Не сум загрижен за неговата сила. Бркам рекорди и сакам да го победам, а потоа да се борам за титулата. Мислам дека сум подобар напаѓач од него. Ќе ви го покажам тоа во март. Ќе го победам, ќе го заземам неговото место и ќе се борам за титулата. Сакам да станам најдобриот и ќе се нареди работата да го победам најдоброто“, рече во интревју Розенструик.

https://www.instagram.com/p/B73gZO9HZon/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B6wc75an3Io/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON