Згодната наставничка ја обезбедува идинината на синот во УФЦ!

marion-reneau-ufc-nastavnicka-01

„УФЦ“ борецот во женска категорија, Мерион Рено, почнала да тренира на дури 32 години. Денес, шест години подоцна, оваа наставничка веројатно е две борби оддалечена од напад на „УФЦ“ титулата.

Една од поинтересните борби на вечерашниот „Night Fight“ во Сан Диего, сигурно ќе биде онаа во женска бантам категорија, помеѓу Холи Холм и Мерион Рене. 38-годишната Рене има премногу интересна животна приказна. Во „УФЦ“ дошла на мали врати, но се претставила импресивно.

marion-reneau-ufc-nastavnicka-02
Два пати славела во улога на аутсајдер, против Алексис Дуфресне и Џесика Андраде. Доколку денес ја победи Холи Холм, до појасот ќе и преостане уште една борба. Пред шест години работите изгледале многу поразлично.

„Живеев од месец за месец. Иако бев наставничка, животот не ми беше лесен. Не е лесно кога едвај преживуваш до крајот на месецот, без безбедна иднина. Го мразев тоа, го мразев таквиот начин на живот и сакав да обезбедам нешто подобро за мојот син“, почнала Мерион со својата приказна.

Инспирацијата ја добила во 2008-та година, кога гледала борба на Џина Карано.

„Некој ја плаќа оваа девојка за ова“?, возбудено ја прашала својата пријателка, која присуствувала со неа на натпреварот.

„Бев многу возбудена, во истиот момент посакав да го работам истото“, рекла таа.

https://youtu.be/MmL3CqhUsGU

Прво почнала да тренира бокс, потоа се префрлила на „БЏЏ“ и започнала кариера со скор 2:1. Потоа се пријавила за 18-тата сезона на ултимејт борци, но поради возраста не ја примиле. Веста која ѝ ја пренел Шон Шелби дополнително ја мотивирала.
Остварила уште две победи, сосема случајно завршила во УФЦ и продолжила со победите.

Дејна Вајт јавно ѝ се извинил што ја исклучил од „ултимејт фајтерите“. Како ќе се развивала оваа приказна доколку Мерион почнала да тренира порано, можеме само да замислиме.

„Цело време размислувам за тоа. Гледам девојчиња на 7 или 8 години како веќе тренираат и размислувам каков ѕвер би била јас доколку почнев порано со ова. Но, потоа повторно ми текнува дека започнав во вистинско време. Се појавив во моментот кога овој спорт најмногу се развива“, додала на крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО