Кабиб: Се надевам дека Федор знае оти многу работи се променети во ММА!

Khabib-Nurmagomedov-win

Борецо во лесна категорија на УФЦ, Кабиб Нурмагомедов, кој има искуство во џудо и самбо, како Федор Емилијаненко, се надева дека „The Last Emperor“ си ја знае сметката но треба да знае дека спортот е многу променет.

„Пораснав со битките на Федор и многу се радувам што тој се враќа. Но не сакам, да го гледам во Белатор, а во УФЦ. Сите борци, од кои тој има загуено, се во оваа организација.

 За почеток можат да му средат реванш со Бигфут – ова е добар меч за неговото враќање. Потоа ќе биде интересно да направат главен настан со Федор во Русија против Дан Хендерсон. А потоа да се бори со Фабрицио Вердум, ако се уште е шампион. Сите кои го следат ММА, знаат дека тоа може да се случи.

 Се надевам дека Федор разбира оти мешаните боречки вештини многу се променија. Во секој случај му посакувам здравје и среќа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО