Претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски, го одликуваше боксерот Александaр Усик со Орден за заслуги од 1 степен, објави официјалната веб-страница на претседателот на државата.
Потсетуваме дека на 20 август Усик го победи Британецот Ентони Џошуа во реваншот за титулите во тешка категорија на ВБА Супер, ИБФ, ВБО и ИБО. Борбата траеше во закажаните 12 рунди, по што Усик победи со поделена одлука (113-115, 115-113, 116-112).
Првата борба меѓу боксерите се одржа во 2021 година, и тогаш победи Усик, но со едногласна одлука. Александар е прогласен за најдобар боксер без разлика на категоријата од страна на магазинот „Ринг“.
Следен противник на Усик би можел да биде Тајсон Фјури. Се очекува оваа борба да се одржи во една од земјите на Блискиот Исток. Организаторите ги разгледуваат опциите со Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ. Најверојатно, борбата ќе се одржи во февруари 2023 година.