Здружението на клубови за вистински промени: Изборот на претседател на КФРСМ е нестатутарен и незаконски

Здружението на клубови за вистински промени реагира на вчерашниот избор на Дејан Чолески за претседател на Карате федерацијата на Македонија. Според ова здружение, направени се повќе прекршоци кои се спротивни на Статутот.

Во продолжение проследете го целиот текст испратен до Ипон.мк:

„Во врска со вашата објава за изборот на новиот претседател на КФРСМ г-дин Дејан Чолевски сакаме да ве информираме дека на вонредното Собрание одржано на 26.11.2023 година на кое е избран за претседател на КФРСМ г-дин Дејан Чолевски, неточен е податокот дека е прдложен од 79 клуба без против. До денот на одржување на ова вонредно Собрание не беше доставен предлог матријал со име и презиме на предложен кандидат за претседател на КФРСМ, односно до денот на одржувањето на ова Собрание немаше официјален предлог кој е кандидат за претседател на КФРСМ и истиот беше предложен на самото Собрание. Исто така, сакаме да укажеме дека гласањето е спроведено со веќе подготвени гласачки ливчиња со неговото име и презиме, а и тоа дека на гласачкото ливче немаше опција против. Вака закажано и спроведено вонредно Собрание, на кое беше нарушена и тајноста во гласањето, се гласаше без параван, па секој можеше да види за кого го даваш гласот, е спротивно на Статутот на КФРСМ и изборот на претседател е нестатутарен и незаконски за што дополнително ќе биде поведена понатамошна постапка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON