Денеска кочанските каратисти Кристијан Грозданов и Роберто Здравковски од КК Партизан настапуваат на Карате 1 младинската лига во Умаг – Хрватска.
Нивните тренери Јорданчо Петров и Оливер Коцев истакнуваат дека се подготвени да го дадат максимумот и да обезбедат пласман кој ќе и гарантира место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сантијаго, Чиле, од 23 до 27 октомври.
Критериум за влез во репрезентацијата е пласман меѓу првите тројца.
-57 кг – кадети
Кристијан Грозданов – Мелвин Тран (Германија)
-76 кг – јуниори
Роберто Здрваковски – Данил Хрихоренко (Украина)