Здрава глава: Чисора изеде мал ќотек, но… го испрати Фјури во операциона сала

Британскиот непоразен боксер, актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, по борбата со неговиот сонародник Дерек Чисора изјави дека му е потребна операција.

„Морам на сите да им кажам нешто. Имам проблеми со рацете, можеби ќе треба операција на лактот, но после тоа ќе бидам подготвен на се. Закрепнувањето ќе трае шест до осум недели. Да видиме кога ќе бидам подготвен повторно да боксувам“, рече Фјури за Боксингњуз 24.

Тајсон Фјури, во рамките на главниот настан на боксерската вечер во Лондон, во 10. рунда го победи Чисора со технички нокаут и ја одбрани шампионската титула.

Можеби следната борба на Фјури ќе биде со украинскиот шампион Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON