Заврши мерењето за претстојниот УФЦ 298 настан, сите борци ги исполнија пропишаните тежини! (ВИДЕО)

Поминаа мерењето за настанот УФЦ 298 овој викенд во Анахајм, Калифорнија.

Во главната борба ќе гледаме дуел за титулата во перо категорија. Шампионот Александар Волкановски ја заложува титулата против непоразениот предизвикувач Илија Топурија. Двајцата се качија на вагата и покажаа иста тежина. И Топурија и Волкановски се заковаа на 65,54 килограми. Значи средбата е официјална и останува само битката.

Во коглавната борба Роберт Витакер се соочува со Пауло Коста во средна категорија. И двајцата имаа иста тежина, која изнесуваше 84,14 килограми.

Најинтересната ситуација се случи во прелиминарните натпревари каде Џастин Тафа се повлече од мечот со Маркос Рожерио де Лим поради повреда, а во последниот момент беше заменет од неговиот брат Жуниор.

Мерење УФЦ 298:

Главна карта
Александар Волкановски (144,5/ 65,54 кг.) – Илија Топурија (144,5/ 65,54 кг.)
Роберт Витакер (185,5/ 84,14 кг.) – Пауло Коста (185,5/84,14 кг.)
Иан Мачадо Гари (170,5/ 77,33 кг.) – Џеф Нил (170,5/77,33 кг.)
Хенри Сехудо (135,0/ 61,23 кг.) – Мераб Двалишвили (135/61,23 кг.)
Ентони Хернандез (185,5/ 84,14 кг.) – Роман Копилов (185,0/83,91 кг.)

Прелиминарни
Мекензи Дерн – Аманда Лемос (115,5)
Маркос Рожерио де Лима – Жуниор Тафа
Риња Накамура (135,5) – Карлос Вера (135,5)
Џанг Мингјанг (204,5) – Бренсон Рибеиро (205,5)
Џош Квинлан (169) – Дени Барлоу (171)
Обан Елиот (170,5) – Вал Вудбурн (169,5)
Андреа Ли (125,5) – Миранда Маверик (126)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО