Заврши 4. Карате-до летен камп на ЈКА Македонија и Бушидо доџо во Охрид

Од 27 јуни до 2 јули се одржа 4. Карате-до летен камп во организација на ЈКА Македонија и Бушидо доџо во Охрид.

Семинарот беше воден од сенсеи Владимир Јовановски, шеф инструктор на ЈКА Македонија и Бушидо доџо, сенсеи Зоран Пејов од Карате-до клуб Пејов и сенсеи Ѓоко Томоски од Карате-до клуб Фудошин. Специјален гостин инструктор беше сенсеи Мирче Опелоски, шеф инструктор на Шотомушинкаи и Карате-до клуб Малме.

„На семинарот учествуваа каратеки од Шведска, Италија, Србија и Македонија. Беа опфатени техники кихон, борби кумите, кати и нивна апликација бункаи, од најосновно ниво до реална борба. Тренинзите се одвиваа наутро и попладне и траеја од 3 до 4 часа на ден. Секое утро веднаш по будење имаше и зен медитација покрај Охридското Езеро“, вели Владимир Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON