Одлична најава за уште еден голем боречки настан: УФЦ 290 Одбројување (ВИДЕО)

Судирот во перо категорија меѓу шампионот Александар Волкановски и Јаир Родригез е предводник на настанот УФЦ 290 на 8 јули во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

Австралиецот со македонско потекло по петти пат ќе се обиде да ја одбрани титулата против Јаир, кој шансата ја доби по победата во февруари против Џош Емет.

Тоа е прв меч на Волкановски по поразот од Ислам Махачев во меч за титулата во лесна категорија на УФЦ.

А конасловната борба носи пресметка за титулата, во која Брендон Морено ќе го брани појасот во мува категорија против Александр Пантоја.

Програмата на новиот настан на УФЦ е полна со големи борби.

Роберт Витакер ќе се бори против Дрикус ду Плесис, додека Џејлин Тарнер ќе се соочи со Ден Хукер.

Интересен ќе биде и мечот меѓу Бо Никал и Тресеан Гор.

Најголемата светска организација за ММА направи одлична најава пред спектаклот во видеото на УФЦ 290 Одбројување:

https://www.youtube.com/watch?v=kaV-uX4zRQg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО