Конор Мек Грегор е на колена по неговиот 6-ти пораз на ТУФ 31 (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор падна на 0-6 во реалното ТВ шоу Д’ Ултимејт фајтер (The Ultimate Fighter) против противничкиот тренер Мајкл Чендлер.

Следната недела ќе се емитува уште една епизода од ТУФ 31. На социјалните мрежи се појавија снимки од епизодата, на кои се гледа како борците на Конор продолжуваат да губат од Чендлер. „Озлогласениот“ останува без победа во тренерската борба против Чендлер,

Вознемирен и клекнат на колена надвор од кафезот во објектот на УФЦ Апекс, Мек Грегор гледаше како неговиот соборец од „Стрејт бласт џим“, Ли Хамонд, претрпе пораз во вториот круг од Курт Холобо, кој го победи со гилотина.

Ова е голем удар за амбициите на Мек Грегор, кој на крајот од сезоната треба да се бори со Чендлер. За жал, тоа нема да се случи оваа година бидејќи Мек Грегор не се тестира за УСАДА.

Погледнете го видеото од шестиот пораз на Мек Грегор како тренер на ТУФ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО