Запознајте се со Иранскиот Хулк, кој сака да дебитира во ММА

Пред неколку дена светските медиуми ги запалија социјалните мрежи со веста дека Сајад Гариби или попознат како „Иранскиот Хулк“ сака да дебитира во ММА и ќе се бори против друг човек со импозантен физички изглед Мартин Форд, кој пред неколку месеци потпиша договор со полската организација КСВ. Се очекува Форд да дебитира против Сајад Гарби, а интересно е шро и двајцата немаат никакво искуство во ММА.

Многу од вас не знаат кој е Гарби, но тоа ќе се промени и денес ќе дознаете многу работи за него.

Сајад Гариби е роден на 19 декември во Иран и се занимава со кревањена тегови од мали нозе. Неговиот физички изглед му го донесе прекарите „Иранскиот Хулк“ и „Персискиот Херкулес“. Гариби е висок 1,88метри и тежи 180 килограми. Пред две години, во едно интервју рече:

„Како прво,  сакам да кажам дека сум бранител на мојата земја и ќе се борам за неа. Секој кој го дал својот живот за нашата земја е мојот херој. Подготвен сум да се борам со војската во војна против „Исламската држава“. Јас секогаш ќе бидам воин на мојата држава“.

Гариби вели дека многу сака да јаде риба, месо, овошје и млеко секој ден меѓу тренинзите. И покрај сличноста со Хулк, Сајад преферира да го нарекуваат Росатм-е-Дастан, легендарен херој од иранската митологија. Гариби може и да нема искуство во ММА, но има искуство во борењето, кое е со голема популарност во Иран.

Тој има над 400 000 следбеници на социјалните мрежи и доста од нив ревносно го бранат и тврдат дека неговата физика е благодарение на здравите тренинзи и диети, кои тој не ги открива. Ако гласините се вистинити, тогаш следната година ќе го видиме во кафезот против Мартин Форд познат како „Кошмар“.

Пред извесно време Гариби соопшти дека качил два килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО