„Сите знаат да згрешат, ненамерно или поради погрешни информации, но големината на човекот се гледа кога тој ќе си ја увиди грешката и најбитно е кога ќе се извини за направената грешка и неправда. Во овој случај непревда беше нанесена на нашиот Боксерски клуб Десет Шеесет Ѓорче, но Алескандар Трајановси покажа својата големина и дојде да се извини на нашиот клуб и неговите членови. Нашиот клуб не е партиски определен а би било многу подобро за спортот кога политиката не би се мешала во спортот“, објави клубот на своите профили на соццијалните мрежо.
Додававаат дека мотото на клубот „Десет Шеесет Ѓорче“ е да ги тргне младите од улица и да ги насочи кон спортот и дека овој клуб е единствен во држатаа кој не наплаќа членарина на своите членови.
Инаку Трајановски од партијата ГРОМ, боксерскиот клуб „1060“ од скопската општина Ѓорче Петров го нарече „тепачки клуб“ со „одвај тројца членови“ чиишто членови наводно „се во затвор“.
Ние ќе потсетиме дека од овој клуб потекнува Горјан-Гого Славески кој наскоро ќе се бори за светската титула во БКФЦ (бокс без ракавици), а гради и успешна професионална боксерска кариера, пред се во САД.
Славески ја освои европската титулата на УБФ во бокс.