Гого Славески: Се надевам дека наредната борба ќе биде за светската титула на ВБФ!

Горјан-Гого Славески синоќа во Минхен ја освои европската титула на УБФ совладувајќи го Миодрга Славиша од Босна и Херцеговина со прекин во петата рунда. Славески сега има скор 9-2 и ги очекува наредните предизвици.

Што значи оваа титула за тебе?

-Оваа борба ми е од големо значење, затоа што ме издига високо на светскиот ранг. Наредната борба се надевам ќе биде за светската титула на ВБФ.

Каков е патот до титула на големите организации?

-По можност и полека ќе чекориме кон сите светски организации.

Кога е наредната борба?

-Се уште не знам кога точно ќе биде.

Каква е разликата меѓу европскиот и американскиот бокс?

-Разликата е голема. Како што може да се види, стилот и пристапот кон борбата е различен.

Што те мотивираше да соработуваш со Вељко Шпањола и Фдерацијата на професионални боксери на Балканот?

-Со Вељко стапив во контакт затоа што е четирикратен шампион кој има искуство. Тој е претседател на Балканската профи бокс федерација и ми овозможува да ја претставувам својата држава, иако сум под Балкан бокс покровителство и ми отвара пат кон сите светски прганизации.

Има доста доверба и комуникација и верувам заедно ќе одиме кон врвот.

Боксерската федерацијана Македонија преговара со Славески за настап за репрезентацијата и во Регионалната бокс лига.

Фото: Александре Гордоњи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО