Фирас Захаби смета дека борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Жорж Сент Пјер е опција што можеме да ја видиме во иднина. Тој вели дека неговиот ученик сè уште сака да се бори на највисоко ниво во светот.
„Мислам така. Мислам дека е сосема можно“, рече Захаби и додаде: „Не сакам да зборувам наместо него, но не мислам дека завршил (се пензионирал). Толку е компетентен што еден ден ќе чуе за некој, за кого сите сметаат дека е непобедлив и тогаш ќе сака да се врати. Хабиб е еден од тие натпреварувачи. Ќе го организираат ли од УФЦ, се уште не се знае“.
Доколку се борат, Фирас Захаби верува дека исходот од борбата нема да биде во корист на Хабиб Нурмагомедов. Според него, ЖСП е премногу добар. Тој исто така не верува дека натпреварувачот од Дагестан ќе може да го собори неговиот борец.
„Нема начин да се биде непристрасен“, рече Захаби. „Јас со сигурност сум пристрасен. Но, мислам дека дури и ударите (ножните) на ЖСП ќе бидат доволни да ги добие рундите. И двајцата се одлични борци. Мислам дека вештините во боксот на Хабиб се многу подобри, но во одбрана Жорж е далеку подобар. Неговиот бокс е подобар, попрецизен. Ако погледнете статистички, опфатот му е исто така поголем. Дури Хабиб и да го собори Жорж, мислам дека повторно ќе се исправи. Неговите вештини воа бразилското џиу џицу се беспрекорни“.
И покрај зборовите на Фирас, повеќето навивачи не мислат дека УФЦ ќе ризикува таков меч во кој ќе можат да го загубат непобедливиот статус на нивниот активен шампион во лесна категорија.