Победата на Нејт Дијаз против Конор Мек Грегор на УФЦ 196 преврте голем дел од работите во УФЦ и започна ривалство, кое денес излегува надвор од границите на октагонот.
Тие ќе се сретнат за само неколку дена на УФЦ 202 во Лас Вегас. Нејт Дијаз ќе се обиде да докаже дека неговиот успех против Нотириус не бил случаен, додека Мек Грегор сам признава дека е „опседнат“ од идејата да срамни со змејата Дијаз и да извади за првиот пораз во УФЦ.
И додека со нескриено нетрпение очекуваме да видиме што ќе се случи меѓу овие мажишта на 20 август, ѕирнете зад кулисите на настанот, благодарение на овој прекрасен видео материјал доставен од УФЦ:
https://youtu.be/Kjd7Yhk_zoc