Заборски: Задоволен сум од резултатите на Кроација опен и до формата на Мојсовска пред Светското првенство

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски вели дека е многу задоволен од постиганите резултати на неговите каратисти на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека, Хрватска, бидејќи нивната каратистка Анѓела Мојсовска која ќе настапи Светското првенство во Чиле имала четири последователни победи и само еден пораз во финалната борба.

„Таа го освои сребрениот медал и што е позначајно направи комплетна контрола на нејзината моментална форма. А турнирот во Хрватска отсекогаш бил најмасовен и најквалитетен турнир со многу учесници и држави. Тоа е така , најмногу од причина што тој турнир секогаш е последна проверка пред најважните првенства, а такво првенство оваа година е Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21), кое треба да се одржи на крајот на месец октомври во Чиле“, изјави Заброски.

Бошко Заборски вели дека во преостанатиот временски период преостанува некои недостатоци да ги исправат и да се надеваат дека на Светското првенство таа ќе постигне добар спортски резултат.

„Останатите наши спортисти кои освоија медали, исто така имаа вредни победи. Искусната Сара Радичевска кај сениорите беше брилијантна, Идриз Абдурахим го освои првиот медал во сениорска конкуренција и токму поради тоа е многу задоволен, и за крај секако најмладиот во тимот Витомир Трајковски,  беше златниот медалист кој на последните два турнири во Подгорица и сега во Хрватска, со своето претставување на борилиштата покажува дека во иднина сериозно ќе мора да се рачуна на него“, истакнува Заборски.

Да потсетиме дека каратистите на Макпетрол освоија вкупно четири медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.

Во Ријека од Карате клубот Макпетрол заминаа вкупно осум спортисти и тоа:

  1. Сара Радичевска сениорка категорија -61 кг
  2. Анѓела Мојсовска помлада сениорка У21, категорија -68 кг
  3. Моника Пендаровска сениорка -61 кг
  4. Марија Петров јуниорка -50 кг
  5. Витомир Трајковски кадет -70 кг
  6. Стефан Стојанович Кадет -75 кг
  7. Абдурахим Идризи сениор -60 кг
  8. Глигор Петков постар јуниор У21 -84 кг

Со медали се закитија :

  1. Сара Радичевска, Сребрен медал сениорки -61 кг
  2. Абдурахим Идризи, Бронзен медал сениори -60 кг
  3. Анѓела Мојсовска, Сребрен медал (У21), -68 кг
  4. Витомир Трајковски Златен медал кадет -70 кг

На турнирот учествуваа 1917 спортисти од 25 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON