Заборски: Се исфрлија џудо елементите од каратето!

Bo[[ko Zaborsi

Државното првенство во карате за сениори се одржа по променети на правила кои Светската карате федерација (ВКФ) ги донесе на последниот Конгрес. Така на првенството се забележаа реакции на натпреварувачите во текот на борбите што ги кратеа нивните акции поради долгогодишните навики.

Селекторот на универзитетската репрезентација, Бошко Заборски, вели дека тенденцијата е да се исфрлат џудо фрлањата, по што каратето заличело на џиу џицу, дури на моменти овој спорт личел на џудо.

-Ништо револуционерно не се менува, туку се вратија поранешните правила во каратето. Ќе има чистење во даден момент само со една рака. По секој обид за фрлање со две раце судијата ќе прекинува борбата,секое задржување подолго од две секунди се казнува. Третата казна значи дисквалификација на натпреварувачот, вели Заборски.

Berat i Simon

Тој посочува дека со промената на правилата натпреварувачите ќе мора да ја менуваат и тактиката во борбите, зашто неприлагодувањето може да ги чини освојување на медал. Заборски истакнува дека како тренер промената на правилата му годи, зашто такка каратето станува почисто и се враќа на поранешните постулати.

Сепак, тој посочува дека иницијаторите на промената на правилата Италија и Франција многу порано знаеле за ова и дека нивните каратисти веќе неколку месеци се подготвувале по новите правила. Тоа значи дека нашите каратисти за прв пат со примената на новите правила на меѓународен план ќе се сретнат на Премиер лигата во Париз овој месец, а тие веќе ќе бидат подготвени. Таа предност ќе ја имаат и на европските првенства ккадети и јуниори и за сениори, но и на Европските игри во Баку.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON