Андерсон Силва го нокаутираше спаринг партнерот и продолжи да го удира! (ВИДЕО)

anderson-silva-spider

Андерсон Силва на 31 јануари ќе се врати во октагонот по сериозната повреда и скршеница на ногата кои ги заработи во мечот со Крис Вајдман, а последните денови постојано примаме веста дека е во одлична форма и дека жестоко тренира. 

Пред неколку дена се пренесуваа изјавите на Рафаел Кавалканте кој потврди дека Андерсон Силва удира исклучително силно и дека во текот на спаринг мечот заработил добар ќотек од поранешниот УФЦ шампион во средна категорија.

Сега доаѓаат нови вести и видео со кое се потврдува дека подготовките за натпреварот со Ник Дијаз се одвиваат по зацртаниот план. Всушност, Андерсон Силва во текот на спарингот нокаутираше еден клупски колега, и покрај тоа што тој носеше заштитна кацига.

Погледнете каков бил спаринг-мечот.

http://youtu.be/MafI-bbQvq8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО