Макпетрол викендов на Државното првенство во карате за сениори во поединечна и екипна конкуренција кое со Плеј офот беше критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец март треба да настапи на Европското првенство за сениори во Баку, Азербејџан, освои 12 медали и беше најуспешен клуб е Макпетрол – Скопје.
„Многу сме задоволни од постигнатиот резултат. Нашите спортисти во секоја тежинска категорија, а ги има вкупно 10, атакуваа на првите позиции. Ние успеавме да направиме одличен резултат. Освоивме вкупно 8 златни медали и тоа е податок кој зборува дека навистина на ова првенство бевме доминантни. Во моментов имаме генерација и тим како никогаш до сега, и во машка и во женска конкуренција. Тимот е млад, сплотен, работи секојдневно по два пати и се подржува максимално. Ова е најуспешна година. Први сме и во екипна конкуренција машки и женски тим во борби“, кратко прокоментира тренерот Бошко Заборски.
Макпетрол освои 7 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали:
Државни прваци станаа:
– Сара Радичевска -50 кг,
– Симона Заборска -55 кг,
– Ангела Мојсовска -68 кг,
– Екипно жени борби во состав (Симона Заборска, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровска),
– Абдурахим Идризи -60 кг ,
– Машкиот тим во борби (Заборски , Спасеновски, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).
Сребрениот медал е за Петар Спасеновски во -84 кг, а бронзите за Моника Пендаровска -61 кг, Петар Заборски -75 кг и Глигор Петков -84 кг.
„Вториот ден се одржаа Плеј оф борбите. Ги потврдивме сите први места од првиот ден и дополнително прваци станаа Петар Заборски и Петар Спасеновски, но имавме реални шанси за прво место и на Моника Пендаровска во -61 кг.
Најинтересни и неизвесни беа борбите во категоријата -75 кг. Во оваа тежинска категорија првото место му припадна на Петар Заборски. Ненад Ќелебиќ не успеа да се задржи на првата позиција. Тој потклекна и забележа два порази и со тоа го загуби првото место“, вели тренерот Бошо Заборски, додавајќи дека Петар Заборски го потврдил својот квалитет победувајќи го Ненад Ќелебиќ со 8-0, Мурсел Мисини со 2-0, и во директниот дуел во третата борба беше подобар и со европскиот првак Доан Османи при резултат 3-3 со предност на прв освоен поен.
Заборски вели дека како клуб имале можност да ја освојат категоријата -84 кг. „Тука имаше големи неизвесности помеѓу Берат Јакупи и нашиот спортист Петар Спасеновски кој го освои првото место на Плеј оф турнирот и сега останува селекторот Сашко Арсовски да се одлучи дали ќе му даде шанса на помладиот спортист кој минатата година беше европски првак и заврши и како прв на светската ВКФ ранг листа. Тоа што е карактеристично сите прваци вториот ден на Плеј офот ги потврдија убедливо својте пласмани и во директни дуели со најдобрите повторно станаа први“.
Ipon.mk