Вајлдер: Ќе завршам со Фјури на 22 февруари

55

Светскиот првак во супертешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер убеден е дека во реваншот ќе го победи поранешниот шампион, Британецот, Тајсон Фјури.

„Ќе завршам со Фјури на 22 февруари. Ветувам. Во тренинг кампот сум и веќе сум во неверојатна форма. Фјури ќе има големи проблеми. Луѓето како него немаат рецепт за победа против луѓето како мене“, изјави Вајлдер. 

Борбата е закажана за 22 февруари во Лас Вегас. Претходниот дуел беше одржан во декември 2018 година. Навивачите видоа неверојатна битка која на крајот заврши без победник. Вајлдер во професионалниот бокс запиша 43 борби, на кои забележа 42 победи од кои 41 со нокаут. Фјури има скор од 29 победи од кои 20 се со нокаут и едно реми.