Хабиб се помајтапи со Каубојот

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов се подигрува со Доналд Цероне – Каубојот, кој е подготвен да се бори во текот на викендот со Конор Мек Грегор.

Американецот во интервју изјави дека е загрижен пред мечот, па дури и се плашел.

„Мислејќи на поразот“, напиша Нурмагомедов. Тој може да се бори со победникот од битката меѓу Мек Грегор и Цероне, но пред тоа мора успешно да го одбфрани појасот против Тони Фергусон.

Конор ќе го направи првиот меч по октомври 2018 година. Тогаш беше поразен во четвртата рунда од Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО