Симона Заборска не успеа да се избори за бронзен медал во репасажот на Светско сениорско првенство во Германија.Таа во категоријата до 55 килограми, со судиско изјаснување, беше елиминирана од Жана Мелник (Украина), откако мечот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.
Женскиот ката-тим на Македонија, во состав Мишела и Маријана Димоска и Пулексенија Јованоска стаса со четврт-финалето. По победите над Данска од 5-0 и над Хрватска од 3-2, но загубија од ката-тимот на Виетнам со 1-4.
Дене настапува машки тим во борби, во состав Тодор Ристески, Иво Цветковски, Берат Јакупи, Огнен Груевски, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски и Симон Антиќ. Противник им е Шпанија, а ако ја победат, во второто коло ќе ја бараат шансата за висок пласман против Турција.