Заборска и Ќосовиќ предводници на репрезенатцијата, каташите изненадување од сенка!

podgotovki skkk

Македонската карате репрезентација во среда патува на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари. Подготвителниот период заврши денес, од кој тренерите на репрезентацијата се задоволни.

„Репрезентативците се добро подготвени, пред се во матичните клубови, а викенд подготовките ги искористивме за подобрување на техничко-тактичките работи. Но, работевме и со психологот Ленче Алексовска, што треба да ја подобрат нивната подготвеност за високи дострели“, вели тренерот на репрезентацијата јуниори до 21 година, Арлинд Хусеини, кој додава дека го знае потенцијалот на сите и затоа е со став дека низата на успеси ќе продолжи и на ова првенство.

makpetrol mav

Да потсетиме дека минатата година Берат Јакупи стана шампион до 21 година, а Пуликсенија Јовановска го освои третото место во кати, како и ката тимот (Маријана и Мишела Димоски и Искра Каршоска), а Мартин Стојменов во борби во јуниори беше трет.

„Може да очекувам добри резултати од Симона Заборска (Макпетрол) и Емир Ќосовиќ (Металург) во У-21. Тие се во добар натпреварувачки ритам и може да очкуваме да се замешаат во распределбата на медалите“, констатира Хусеини и нагласува дека жали поради отсуството на Мартин Стојменов од ЕП, кој е повреден.

И тренерот на кадетите и јуниорите, Алексанар Кузмановски, е задоволен од подготовките, при што истакнува дека немаме адути зашто ова е нов состав на репрезентацијата.

„Имаме нов подмладен тим. Тоа се каратисти што ветуваат и ова им е прв настап. Очекувам да се покажат во најдоброто издание и да не израдуваат со добар резултат“, истакнува Кузмановски.

Во кати одиме со познат состав: Маријана и Мишела Димоски и Искра Карашоска –ката тим, а Маријана ќе настапи и во поединечна конкуренција-јуниори, како и Анастасија Матеска-кадети (сите од Ронин) и Фери Исиќ- јуниори (Вардар). Ќе имаме и ката тим-мажи.

kkata tim pioda

“Тешко ќе биде сите се подготвени, а и порано не третираа како аутсајдери, но по серијата добри резултати на нас сега гледаат поинаку. Нема да биде лесно, а сезнае дека фаворити се Италија и Шпанија. Со поволен жреб, може да се очекува дури и медалл да освоиме “, смета тренерот за кати Златко Димоски.

Македонија ќе ја претставуваат: јуниори 21-до 65 кг Горан Николовски (Металург), до 67 кг Ирфан Мисими (Бакими), до 75 кг Стефан Ефремов (Олимпик спорт), до 84 кг Емир Ќосовиќ (Метаург) и над 84 кг Емануел Ристевски (Макпетрол); Сара Радичдевска до 50 кг и до 61 кг Симона Заборска (Макпетрол), до 55 кг Марија Матракоска (Ронин) и Ивана Атанасова до 68 г (Тигар).

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON