Преоден рок за борачи: Јанев во Бучим-Радовиш, а Адили во БК Скопје!

244

ivan janЗаврши преодниот рок за борачите, а Иван Јанев и Адил Адили може да се каже дека се најзвучните имиња што направија трансфер. Јанев од Спартак помина во Бучим-Радовиш, а Адили од Лирија во БК Скопје.

Најголем пазар направи Безбедност придобивајќи ги: Мартин Георгиевски (Вардар), Виктор Димитровски (Спартак), Стефан Стојчевски (Осоговски) и Мартин Ковачки (Тефејуз).

Адем Адем од Тефејуз помина во Лирија, Александар Павлов од Спартак го одбра Вардар, а Бехар Мамути од 18 Августа е засилување за Балканец.

Адил Адили
Адил Адили

За да станат валидни трансферите треба да ги разгледа Регистрационата комисија во петок и да ги верификува. Со Комисијата раководи Мирко Димчевски.

ipon.mk/В.Д.