Забит Магомедшарипов почнува кариера во медицината

Големиот талент од Дагестан Забит Магомедшарипов очигледно навистина решил да престане да се бори во ММА.

Еден од најперспективните таленти во перо категорија не се натпреварувал речиси 3 години. Лечеше повреда која беше доста тешка и поради неа Забит ќе се повлече од ММА. На крајот тој се подобри, но немаше желба за битки во кафезот.

„ZaBeast“ има скор 18-1 во ММА и е во серија од 14 последователни победи. Тој е поранешен шампион на чеченската АЦБ лига. Магомедшарипов забележа 6 победи во УФЦ и во 4 од нив заработи бонус. Неодамна Ариел Хелвани рече дека Забит ќе престане да се бори бидејќи бил многу религиозен.

Во својот профил на социјалните мрежи Магомедшарипов изјави дека влегува во светот на медицината на Махачкала. ММА ѕвездата ќе се посвети на медицината и ова најверојатно е крај на неговата кариера во ММА.

„Наскоро ќе се појави ново име во медицинскиот свет на Махачкала“, напиша Забит на социјалните мрежи.
„Докторите на светот“ (DOW) е хуманитарна организација која обезбедува третман на оние на кои им е потребен, врз основа на вооружени конфликти, намалување на штети, мајчинството и здравјето на децата, како и на мигрантската популација. Магомедшарипов се огласи на социјалните мрежи откако разговараше со Ариел Хелвани за The MMA Hour каде што разговараа за крајот на неговата ММА кариера. Ариел Хелвани исто така не пропушти да ја коментира целата ситуација.
Неодамна еден од тренерите на Забит изјави дека му е доста од борби. На почетокот се натпреваруваше да има подобар живот. Сега Забит живее подобро и нема потреба да се бори за да заработи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО